„Спорт да, дрога не”

На 01.03.2024, во СОУ Перо Наков Куманово, се одржаа ревијални натпревари во фудбал од ученици од повеќе основни училишта, меѓу кое беше и нашето училиште. Настанот е во организација на СВР Куманово, Отсек за превенција и Општинскиот совет за превенција на детско претприемништво, со порака против деструктивните феномени како што е дрогата преку промовирање на спортот како уникатна вредност за нашата здравствена виталност. Цел на овој настан беше дружбата на децата и нивна здрава иднина.