Настава
Според Законот за основно образование, концепција за деветгодишното образованите и наставните планови и програми изготвени од страна на Бирото за развој на образованието, наставта се остварува според наставните планови и програми за деветодишното основно образование и тоа:
-Настава по задолжителни предмети
-Настава по изборни предмети
-Дополнителна настава
-Додатна настава
-Воннаставни активности
-Работа со деца со потешкотии во учењето
-Работа со надерени и талентирани ученици
-Употреба на ИКТ во наставата
Целосна разработка на содржината и организацијата на воспитно-образовната работа во рамките на овие подрачја е направена во посебни програми што се однесуваат за работата на одделни стручни органи и тела.
Организација за задолжителна настава
Наставата во училиштето ги опфаќа сите наставни предмети што се задолжителни за сите ученици од прво до деветто оделение според нивната застапеност во наставниот план и програм, а во рамките на утрдениот фонд на часови.
Во нашето училиште во учебната 2020/2021 година воспитно-образовната дејност ќе ја реализираат одделенски и предметни наставници со соодветна стручна подготовка и образование.
Оваа учебна година наставата ќе се изведува во десет паралелки со вкупен број од 129 ученици и тоа во три паралелки во подрачното училиште во село Љубодраг и седум паралелки во централното училиште во село Умин Дол.
Наставата ќе се одвива во:
-Две чисти паралелки од прво одделение (по една во двете училишта)
-По две комбинирани паралелки во второ и терто, како и четврто и петто одделение во подрачното и централно училиште.
– Во централно училиште во село Умин Дол че се изведува предметна настава во четири чисти паралелки.
Смени
Оваа учебна година ООУ Карпош работи во една смена. И централното и подрачното училиште почнуваат со настава во 7:30 часот, додека седмиот час завршува во 12:15 минути. Големи одмори се помеѓу вториот и четвртиот час во траење од 15 минути и помеѓу ќетвртиот и петтиот час во траење од десет минути. Останатите одмори се по пет минути.
Јазици
Како прв странски јазик во училиштето се изучува англискиот јазик, додека пак како втор јазик чие изучување почнува во шесто одделение е францускиот јазик.
Англискиот јазик се изучува во сите паралелки о дпрво до деветто одделение.
Француски јазик се изучува од шесто до деветто одделение.
Соработка
-Соработка со локалната заедница ќе се остварува преку повеќе фирми на работа, електронски, усно и ќе пристапиме кон реализација на активности кои истата ќе ги понуди.
-Институции од областа на културата
Според планот и годишната програма училиштето ги следи сите објавени конкурски и покани за натпревар и истите се доставуваат до одговорните наставници кои ќе ги спроведат преку уќество на учениците.
–Институции од областа на образованието
Континуирано во текот на целата учебна година ќе се одвива соработка со:
-МОН, БРО,- Сектор за основно образование и Сектор за основно образование како дел од општината заради непречено одвивање на образовниот процес, размена на информации, доставување на разни извештаи, помош во работењет и слично.
-Основните училишта од општината и пошироко заради размена на информации, искуства и заемна помош во работата.
-Средните училишта од општината и пошироко, особено каде што има запишано наши ученици, заради следење на учениците кои учеле во нашето училиште, потврда за запишување, одредени проблеми кај неки ученици и сл.
-Факултети поради стручно усовршување на наставниот кадар, советувања, организирање натпревари и семинари.
-Инспекторат за основно образование, поради утврдување на правилноста во работењето
Соработка со родителите на учениците
-Формирање на СОвет на родител по паралелки и Совет на родители на училиштето
-Учество во планирањето, координирањето и насочувањето на реализацијата на разновиднаите форми на соработка меѓу училиштето и родителите на учениците, а особено преку Советот на родителите
-Планирање, подготовка и реализација на општите родителски средби на ниво на училиште
-Планирање и реализација на состаноците со родителите на учениците по паралелки и одделенија и на состаноците на Советот на родители
-Организирање, координирање и насочување на активностите за информирање на родтелите и учениците за живот, работата и постигнатите резултати, проблемите на учениците во училиштето како и вклушување на родителите во подобрување на условите за работа на учениците во училиштето
-Непосредно учество во реализација на формите на педагочкото образование на родителите како и укажување помош во реализаија на овие задачи од страна на наставниците и другите стручни соработници на училиштето.
Задачи
Приоритетни задачи во текот на учебната 2020/2021 година се:
-Едуцирање на наставниците за онлајн настава
-Осовременување на нагледни средства и помагала
-Реновирање на најмалку една училница во подрачното училиште
-Воведување на централно греење.