Доколку сте патаувале по стариот пат од Куманово до Скопје сигурно веќе знаете за локацијата на училиштето. Основното училиште ,,Карпош”  се наоѓа веднаш од левата страна на патот Куманово-Скопје во село Умин Дол. Селото Умин Дол припаѓа на општина Куманово и е лоцирано на околу 10 километри југозападно од Куманово. Според некои неофицијални податоци во селото Умин Дол живеат околу 500 жители во приближно 140 домаќинства. Жителите се занимаваат претежно со земјоделство, но има и голем број што работат во двата најблиски градови Куманово и Скопје. Во непосредно окружување на училиштето се наоѓаат црквата Св.Никола, локалната продавница, спортски терен и фудбалско игралиште, 33 Слога како и детско игралиште.

Првото основно училиште за четиригодишно образование во село Умин Дол било отворено во 1924 година а прв учител бил Стево Римблија. Наставата се одржувала во приватни куќи и тоа во домаќинства на Вељко Дутиновиќ и Милан Будисавлевиќ. Изградбата на училишната зграда започнала од 1927 година, кога за учител дошол Драгутин Мартиновиќ по потекло од Црна Гора. Тој останал се до 1941 година кога бил протеран од бугарските окупатори. Училиштето било завршено и осветено во 1929 година. И за време на бугарската окупација се продолжило со образовната дејност со тоа што учителите биле доведувани од Бугарија.

umin dol bg

Од 1946 година наставата се извдувала на српски јазик. Во наредните неколку години се зголемувал бројот на учениците, а од 1961 година дотогашното чеиригодишно основно училиште станало осумгодишно. По ослободувањето на прв учител бил Стојко Атанасовски, по него како учители работеле Боривоје Ристиќ, Тодос, Угљеша, Васка Томиќ Гребенрива. Живојин Крстиќ и други.

ООУ Карпош во село Умин Дол е изградено во 1928 година и  денес училиштето брои вкупно 129 ученици. Вкупниот број на вработени е    25  под водство на  директоркторката  на училиштето Тања Тодоровска.

Училиште исполнето со топлина, позитивна енергија и полно со амбиции, е во постојан во чекор со новитетите во воспитно – образовниот процес. Знаејќи ја важноста на почетоците на образованието на секој млад човек, нашиот наставен кадар се труди на најдобар можен начин да ги подготви и оспособи младите за понатамошните предизвици во образованието.

Со поставување на интернет во училиштето воедно се прошири и можноста за вклучување на компјутерите во наставата, во новите проекти кои нудат нов правец во самиот воспитно – образовниот  процес. Односно на некој начин поуспешно се овозможува користење на дигителни содржини, размена на информации  како и поврзување со други институции и училишта во градот и надвор од него. Исто така од голема важност е и одличната соработека и подршка од општина Куманово, БРО и МОН и другите институции во нашата држава.

Наставен кадар

Вработени

Директор-Тања Тодорвска

Стручна службаСекретар-Оливер Крстиќ

 Психолог-Игор Митровиќ

Одделенски наствници               

Наташа Спасовска

Магдалена Митровиќ

Светлана Јовановиќ

Лидија Младеновска

Дијана Стефановска

Емилија Станковиќ

Ивана Ралиќ

Светлана Митиќ

Предметни наставници

Елена Додевска

Маринела Јовчевска

Драган Ангеловски

Викторија Стојановиќ Спасовска

Емилија Јовановиќ

Сања Божиновска Митевска

Катерина Димитриевска Арсеновска

Магдалена Георгиевска

Луција Савевска

Маринела Јакимовска

Сашо Божиновски

Елена Спасовска

Теодора Цветковиќ

Стефан Стојмановски

Технички персонал

Дуле Стоименовски

Биљана Ваљавичарска

Марјан Ангеловски

Куќен ред на ООУ ,,Карпошс.Умин Дол Куманово

  • Наставниците и учениците треба да бидат на своите работни места најдоцна до 7:15 часот (прва смена).
  • Учениците, вработените, родителите и другите лица можат да останат во училишните простории само за време на наставата, освен во случаи на организирани активности, како и во други случаи за кои одлучува директорот на училиштето.
  • Дежурните наставници и дежурни ученици треба да доаѓаат најмалку 10 минути порано од останатите наставници и ученици, заради пречекување на учениците и запазување на редот, дисциплината и инвентарот во училиштето.
  • Учениците имаат право на одмор помеѓу часовите, мал одмор трае 5 минути, а голем одмор помеѓу вториот и третиот час 15 минути и помеѓу 4 и 5 ч 10 минути За време на мал одмор учениците смеат да го напуштаат училиштето сомо поради физиолошка потреба, а за време на голем одмор може да останат во училишниот двор, доколку дозволуваат временските услови.
  • За време на работни, ненаставни денови еден дежурен ученик останува во училница, по еден дежурен ученик од секоја паралелка одржува ред на ниво на училиште, по ходниците, холот и во училишниот двор, со пријавување на непочитување на куќниот ред од страна на учениците на дежурните наставници.
  • Сите странки, родители и други посетители, при влез во холот на училиштето се пресретнуваат од дежурен наставник, дежурен ученик или служител и се упатуваат на определена просторија.
  • Приемен ден за родители е истакнат во холот на училиштето.
  • Учениците треба редовно да ја следат наставата и проектните активности, да не се ослободуваат ученици од час за неоправдани потреби. Отсатните ученици редовно да се запишуваат, а за неоправданото отсуствување од наставата следат изрекувања на педагошки мерки согласно Законот за основно образование. Наставниците да одат навреме на часовите и да не ги напуштаат часовите пред време. Нема исклучување на ученици од часот поради недисциплина, ученик кој е недисциплиниран на час заедно со претседателот на одделението ќе ја посети стручната служба во училиштето, и по разговорот ќе се врати на час.
  • Дежурните ученици не остануваат во училницата кога одделението оди на часот по физичко или во кабинет, се известува техничкиот персонал и тие ја заклучуваат училницата. Дежурните ученици за таа недела се должни да го информираат одделенскиот раководител или стручната служба за неодговорно однесување на соучениците. Дежурните наставници се одговорни за реонот каде се определени и сите забелешки ги доставуваат до директорот на училиштето.
  • Дневникот за работа наставникот е должен секогаш да го носи на часот. На учениците не треба да им се дозволува да го носат дневникот.
  • Употребата на мобилни телефони од страна на наставниците и учениците се забранува за време на одржување на часот.
  • Внесување во училиштето и во училишниот двор на алхохол, цигари, дрога, оружје, пиротехнички средства и други опасни материи најстрого се забранува.
  • Се забранува пушење на цигари во сите простории во училиштето.
  • Според Законот за основно образование и статутот на училиштето за непочитување на Куќниот ред следуваат одредени казнени мерки за вработените како и соодветни педагошки мерки за учениците.

Мисија и Визија

Што сакаме да постигнеме

Ние сме образовна установа со активен пристап, критичко мислење и толерантен однос ќе градиме модерно и ефикасно училиште со интегрирана настава која е приспособена на потребите и интересите на учениците од сите етнички заедници застапени во училиштето.

На кој начин би го постигнале тоа

Работиме на создавањето на единствен синџир за грижа на детето од страна на училиштето, семејството и средината.

Работиме на проблемот на секое дете да добие еднаква можност да ги развие своите способности и капацитети на часовите во редовната настава и преку организирање на додатна и дополнителна настава.

Со преземање на активности за меѓучовечка интеграција преку вклучување во различни проекти кои ќе го развиваме соживотот и соработката со сите етнички заедници.

Со вклучување на учениците и наставниците на сите семинари, обуки за успешно справување со предизвиците на модерното време како личност, стручњак и граѓанин.

Веќе научено/стекнати искуства

Во изминатиот период вработените беа вклучени во повеќе активности и обуки и се формирани разни одбори, комисии и тимови.

Беше формиран Еко-одбор, Училишен тим за превенција на насилство, Тим за помош со водење на е-дневник, Тим за меѓуетничка интеграција, Тим за антикорупциска едукација и низа други тимови.

Сите овие комисии за своите активности подготвија програа за работа и успешно ги спроведоапотребните активности. Исто така беа извршени анализи врз чија основа се изготвија планови на активности, беа посетени разни обуки и остварени бројни контакти кои и во овааучебна година ќе продолжат со цел подобрување на условите за изведување на ВОД  во училиштето и повисоки постигања на учениците.