Активности

Реновирање

Во месецот февруари во нашето училиште започна и со реконструкција. За почеток е направена промена на влезните врати. Во тек е обработка на проекти за целосна реконструкција на двете училишта, централното во село Умин Дол како и подрачното во село Љубодраг.

Училиштето непрекинато работи така што продолжи и со уредувањето во подрачното училиште во с. Љубодраг во кои се поставија нови клими уреди во сите училници пред се со голема благодранст на градоначалникот на општина Куманово.

Поставувањето на нови клими уреди продолжи и во централното училиште ООУ,,Карпош,, с.Умин Дол.

Посета

Неодамна нашето училиште беше посетено и од страна на Милутин Станчиќ кој работи во Управа за развој и унапредување на заедниците кој со директорката на училиштето Тања Тодоровска водеа отворен разговор како и беа договорени заеднички иницијативи во неколку полиња, проекти и слочно.

Натпревари

 Учениците во ООУ ,,Карпош,, с. Умин Дол  на 16 февруари зедоа активно учество и покажаа значителен интерес во т.н Квиз Натпреварувањето  ,,Биди Безбеден,, во организација и реализација на Општински Совет за безбедност во сообраќајот во Куманово и Сектор за Превенција при СВР Куманво, со партнерство и подршка од РСБСП. Натпреварувањето се одржа во нашето училиште.

На 13.03.2021 се одржа Општински натпревар по предметот Гографија во кој учество зедоа учениците и од нашето училиште. Учествуваа учениците од деветто одделение Бојана Ваљавичарска и Лука Ваљавичарски под менторство на професор Сања Божиновска Митевска.

Во ООУ Карпош под менторство на проф. Маринела Јакимовска, беше споведен проект-Отворен ден по Граќанско образование поддржан од МЦГО и БРО. Учениците од 8 и 9 одделение земаа учество спроведувајќи активности за демократска клима, правејќи проект-презентации и уредување на училишниот двор.