Театар Куманово во посета на нашето училиште

На ден 12.04.2024, актерите од Театар Куманово беа во посета на нашето училиште со цел учениците да се запознаат и да се приближат до театарот. Низ глума, интеракција и дружба оваа работилница остави силен впечаток, а децата беа воодушевени. Научија за драмски текстови, сценографија, костимографија…, научија за даските кои живот значат.

Од оваа работилница можеби се родија зачетоци за љубовта кон театарот, а можеби и идни потенцијални актери.