Свечена приредба по повод Велигден и реконструкцијата на училишниот објект во с. Љубодраг

Денес, 13.04.2023, во нашето училиште во с. Љубодраг, се одржа свечена приредба по повод доаѓањето на големиот христијански празник Велигден и воедно завршената реконструкција на училишниот објекет.

На оваа манифестација учениците се претставија со музичка точка изведена од училишниот хор, ритмички точки, рецитирање на творби и драматизација со што го најавија доаѓањето на празникот Велигден.

Приредбата додатно беше збогатена и со велигденска изложна на рачни изработки од вредните раце на учениците заедно со нивните наставници.

Со негување на традицијата и христијанските обележја, си го чуваме културното наследство и нашата татковина.