Приредба по повод 8-ми Март

Денес, 06.03.2024, по повод празникот 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, во училишните простории беше организирана приредба од учениците од I до V одделение заедно со нивните одделенски раководители. Оваа манифестација беше збогатена со прекрасен пишан збор, рецитали, драматизации, музика… Освен тоа учениците им подарија честитки на присутните, кои беа изработени од нивните вешти рачиња. А учениците од предметна наставаа гостуваа со нивни лични творби за мајката.

Секоја жена заслужува почит и љубов секој ден во годината!

Честит 8-ми Март!