Приредба по повод 8-ми Март

На ден 08.03.2024, по повод празникот 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, во училишните простории во с.Љубодраг беше организирана приредба од учениците од I до V одделение заедно со нивните одделенски раководители. Оваа манифестација беше збогатена со прекрасен пишан збор, рецитали, драматизации, музика… Освен тоа учениците им подарија честитки на присутните, кои беа изработени од нивните вешти рачиња. Задоволството на лицата на нивните мајки и баби беше показател на успешно завршена приредба.