Потпишан меморандум за соработка помеѓу нашето училиште ОУ “Карпош” с. Умин Дол и ОУ “Бајрам Шабани” с. Грушино Општина Арачиново

Директорите на основните училишта ОУ “Карпош” с. Умин Дол и ОУ “Бајрам Шабани” с. Грушино Општина Арачиново потпишаа меморандум за соработка помеѓу овие две училишта со што ќе се залагаат за взаемна помош и поддршка како од страна на наставниците така и од страна на учениците.

Учество и поддршка при реализација на соодветни заеднички проектни активности и соработка создавајќи позитивен поттик кон маладите генерации за негување на нашите култури и развивање на взаемна почит, како и градење на искуства и знаења, размена на идеи преку заеднички проекти, едукативни работилници, спортски манифестации и културно-уметнички содржини.