Посета на пчеларите од ПЗ „Пчела“ Куманово

На ден 15.03.2024 година, имаше посета и другарување со пчеларите од од ПЗ „Пчела“Куманово со учениците од одделенска настава, по иницијатива на одделенскиот наставник Наташа Спасовска.

Презентацијата беше на тема „Пчеларство и улога на пчелите во опрашувањето на растенијата“, членовите на ПЗ „Пчела“ со големо задоволство ја одржаа презентација на учениците и наставниците од училиштето во траење од еден училишен час.

Од овие посети не само што децата учат нови работи, туку и стекнуваат вистински вредности кои ќе ги водат во понатамошниот живот!

Благодраност до пчеларите на ПЗ „Пчела“ Куманово за одвоеното време!