Подарување на цвеќе по повод 8-ми Март

Денес, 07.03.2024, на градскиот плоштад во Куманово, ученици од прво до петто одделение од скоро сите основни училишта во Куманово, вклучувајќи го и нашето, денеска подаруваа цвеќиња на дамите кои поминуваа таму. Оваа акцијата се спроведува по повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, под мотото „Со почит и љубов кон вас, одгледано од нас“.

Организатор на настанот е подрачната единица од Куманово на Здружението на одделенски наставници ЗОН „Учител“ на Македонија во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“.

Дечињата подаруваа цвеќе кое самите го одгледале и измамија многу насмевки на лицата на понежниот пол. Прекрасен начин да се одбележи овој празник на жената.