Општински натпревар по географија 2024

На 17.02.2024 година беше одржан Општинскиот натпревар по географија, на кој учествуваа и ученици од нашето училиште под менторство на професорката по гегографија Сања Божиновска Митевска.

Учењето на нови работи носи задоволство, но и признанија за понатамошна мотивација. Така и овој натпревар им даде признанија за вложениот труд на учениците:

Меланија Арсовска VII одделение – продолжува на регионален натпревар

Лука Крстиќ VII одделение – пофалница

Ана Стефановиќ VII одделение – пофалница

Сара Стефановиќ IX одделение – продолжува на регионален натпревар

Мелани Ангеловска IX одделение – пофалница

Овие признанија нека бидат мотивација за поголеми постигнувања на Регионалниот натпревар.

Честитки!