ОДРЖАН НАТПРЕВАРОТ КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ – 2024

Учениците од нашето училиште учествуваа на меѓународниот натпревар во математички знаења „Кенгур без граници – 2024“ кој се одржа денес, 21.03.2024, во просториите на ПУ Љубодраг. Целта на натпреварот е зголемување на интересот за математиката и природните науки, степенот на логичкото размислување, разбирање на текстуални задачи и примена на математичкото знаење.

На натпреварот учествуваа 19 ученика од кои 14 ученика од предметна настава и 5 ученика од одделенска настава. Четиричлената комисијата беше составена од професорката по математика Луција Савевска и одделенските наставници Јасна Арсовски, Ивана Ралиќ и Наташа Спасовска која воедно беше и одговорен наставник на овој натпревар.