Одржана обука за наставниците што ќе одржуваат настава по шах

На ден 10.11.2023, во салата за состаноци на Совет на Општина Куманово се одржа обука со цел за успешна имплементација на проектот и воведување на шахот во училиштата. Оваа обука беше организира од страна на Шаховската Федерација на Македонија (ШФМ).

Целта на обуката беше за наставниците што ќе одржуваат настава по шах, по одобрувањето на програмата за шах од страна на Бирото за развој на образованието, кој како слободна активност шахот може да биде вклучен во I и II одделение како и изборен предмет во погорните одделенија. Од нашето училиште оваа обука ја посети професорот по физичко образование Сашо Божиновски.