ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ШЕГАТА 1-ВИ АПРИЛ

Денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата. И насекаде во светот се прославува како ден кога многумина прават шеги и будалаштини. На овој ден се празнува среќата, смеењето и маскирањето.

По тој повод денес, 01.04.2024, учениците од I до V одделение од ООУ Карпош с. Умин Дол и с. Љубодраг, продефилираа во училишните дворови заедно со нивните одделенски раководители.

Вообичено, како и секоја година дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, ликови од цртани филмови.