Новогодишна работилница под мото “Подари со љубов”

Во текот на минатата недела учениците од одделенска настава заедно со нивните одделенски наставници, и со помош на родителите одржаа новогодишни работилници. Целта на овие работилници не само што беше да изработат прекрасни новогодишни украси, вклучувајќи ја и дружбата и забавата на најмалите, туку и да ги израдуваат и постарите и да ја споделат новогодишната магија.

Децата заедно со нивните одделенски наставници имаа активност на делење подароци, а собирање насмевки под мотото “Подари со љубов”.