НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

„Месецот на книгата“ веќе традиционално се одбележува секоја година во периодот од 15 октомври до 15 ноември и во дел од училиштата и општините од државата со цел да се придонесе за популаризација на читањето меѓу учениците. Наставниците по мајчин јазик, одделенските наставници или библиотекарите од училишната или најблиската градска библиотека се лицата задолжени за организација на овие настани.

По повод “Месецот на книга”, на ден 17.10.2023 во ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски”- Куманово, организираше литературен натпревар на тема: “Да бев лик од книга”. Натпреварот се одржа во просториите на СОУ “Перо Наков”, а право на учество имаа ученици од сите основни и средни училишта во Куманово.

Учениците својата креативност ја покажаа творејќи и освоија:

Проза:

Прво место: Сара Стефановиќ – ООУ “Карпош” с.Умин Дол, ментор: Катерина Д. Арсеновска

Второ место: Александра Петковска – ООУ “Карпош” с.Умин Дол, ментор: Катерина Д. Арсеновска

Поезија:

Трето место: Мелани Ангеловска – ООУ “Карпош” с.Умин Дол, ментор: Катерина Д. Арсеновска

Честитки до сите наградени ученици!