Литературно читање по повод 11-ти Ноември

По повод 11 Ноември-Денот на ослободување на Куманово, во нашето училиште се одржа литературно читање на кое учествуваа ученици од V до IX одделение и во посета беше Здружението на жени “Нада Михајлова” во чии што рамки успешно опстојува и Поетскиот клуб Обденица.

Учениците читаа творби по повод истоимениот празник, а исто така се претставија и со свои песни со што никој не оставија рамнодушен. Додека пак нашите гостинки од Поетскиот клуб Обденица прочитаа нивни песни со што го заокруживме ова Литературно читање. Им благодариме на посетата и на сите им посакуваме и понатаму да не воодушевуваат со прекрасниот пишан збор.

Честит 11-ти Ноември!