“Крени глас против врсничко насилство” – едукативна кампања

Денес, 01.03.2024 година, почнаа со реализација работилниците од општествено одговорната кампања – “Крени глас против врсничко насилство”, со која се опфатени 16 општински основни училишта, меѓу кои е и нашето училиште.

Презентацијата ја водеа психолози, кои разработија неколку теми од оваа проблематика, која негативно се одразува врз образовниот процес.
Подготвени се и прирачници за препознавање, пријавување и решавање на проблемот со булинг.
Кампањата има за цел да ја подигне свеста на сите општествени чинители на повисоко ниво, да ги едуцира учениците, родителите и наставниците, со што навремено би се реагирало и спречило врсничкото насилство.

Од нашето училиште присуствуваа ученици од VI до IX одделение заедно со нивната професорка Елена Додевска.