Завршна манифестација по повод “Месецот на книгата”

ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски”-Куманово, денес, 15.11.2023, организираше завршна манифестација по повод “Месецот на книгата” која се одржа во Занаетчиски дом -Куманово. На сите ученици кои освоија награди беа доделени дипломи, а на нивните ментори беа доделени благодарници.

Честитки за нашите ученички Сара Стефановиќ, Мелани Ангеловска и Александра Петковска од IX одделение и нивната менторка професорката Катерина Д. Арсеновска! 👏👏👏