Еко акција по повод Денот на екологијата

Денес, 21.03.2024 година започна акцијата “Куманово Мој Зелен Дом” која има за цел да ја подигне свеста на жителите на Куманово за заштита и зачувување на животната средина, почнувајќи од најмалите генерации.

Со таа цел и по повод обележувањето на Денот на екологијата, нашите ученици од дветте училишта, од I до IX одделение беа активно вклучени во еко активностите: изработија прекрасни ликовни и литературни творби на тема екологија, собирање на сметот во училишниот двор и чистење на училниците, засадија дрвца и цвеќе и го збогатија дворот како потсетување дека со одржување на нашето опкружување ја чуваме и планетата Земја.