Донаторска акција од Inner Wheel Club – Куманово

На 25.12.2023 година, претставници на Inner Wheel Club – Куманово, беа во посета на нашето училиште со цел да ја збогатат нашата библиотека. Целта на оваа организација е да споделуваат и да се грижат да другите во опшеството, организираат активности и да подаруваат.

По повод завршување на старата и почеток на новата година, Inner Wheel Club – Куманово, донираше лектири за цело училиште, со што празниците можат да започнат со добра книга и убав збор. Им благодариме за донацијата!