WASH – Мобилни станици за миење раце за подобрување на хигиенските услови во нашето училиште

На 30 август, 2022 се одржа обука за претставници од 22 основни училишта при што тие се стекнаа со знаења за санитација и хигиена и дискутираа за тоа како може да ги подобрат плановите за хигиена во своите училишта. Овие училишта добија мобилни станици за миење на раце и беа обучени како да ги одржуваат истите.

Оваа активност е дел од Програмата за подобрување на практиките за вода, санитација и хигиена (WASH), поддржана од UNICEF MK.

Нашето училиште доби донација од 4 мобилни станици за миење раце, за таа цел, на еднодневната обука за општо одржување и подобрување на хигиената во училиштата како и за одржување на мобилните станици за миење раце учество земаа Тања Тодоровска и Викторија С. Спасовска.