Наставници од Умин Дол и Винковци ќе соработуваат на проект „Биди безбеден – интернет безбедност“

Наставници од Умин Дол и Винковци ќе соработуваат на проект „Биди безбеден – интернет безбедност“

06.05.2022 14:17 | Сузана Николиќ

Основното училиште „Карпош“ од селото Умин Дол, Куманово, е дел од првиот Еразмус плус проект „Биди безбеден – интернет безбедност“, кој ќе се спроведе со партнер училиште во Хрватска. 

Наставници од Умин Дол и Винковци ќе соработуваат на проект „Биди безбеден - интернет безбедност“

„Станува збор за основно училиште „Антун Густав – Матош“ во Винковци. Нашиот проект ќе даде можност на 7 професори од нашето училиште да одат на 6 дневна обука во училиштето во Хрватска на оваа тема, во период од 07 до 13 мај. Исто така, проектот ќе даде можност на 7 професори да поминат заедничка образовна дејност со своите  колеги во Хрватска во период од 12 дена. Овој проект, најпрво ќе ги зголеми капацитетите на професорите за работа на оваа тема“, вели Маринела Јакимовска, професорка по историја и координатор на проектот.

Таа додава дека соработката со Хрватска ќе принесе за интернационализација на училиште и подигање на квалитетот на настава, како и за промоција на Куманово во Хрватска и ќе го постави нивниот мал колектив на големата мапа на европски училиште.

2008 – 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk