Почитувани ученици и следбеници!
“Јазикот е нашата најкоплетна татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе можеме да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом” – рекол Блаже Конески.
Сите ние имаме одговорност да се грижиме за нашиот македонски јазик и азбука. Да го чуваме, да го негуваме и највредното наследство да го оставиме на генерациите кои доаѓаат по нас.
Нека ни е честит 5 Мај – Ден македонскиот јазик и азбука!
На денешен ден, на 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а само по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.