Учество на изложбата “Моето село низ објективот”

На ден 15.05.2023, во Занаетчиски дом се одржа изложба “Моето село низ објективот” во организација на Здружение на жени „Коло српских сестара“ во Куманово.

Изложбата на фотографии беше на ученици од основните училишта “Вера Которка” – с. Клечовце, “Браќа Рибар” – с. Табановце, “Карпош” – с. Умин Дол, “Кирил и Методиј” – с. Романовце и “Кочо Рацин” ПУ – с.Орашац, кои имаа задача низ фото-запис да го опишат  местото во кое живеат.

На оваа изложба учениците од нашето училиште учествуваа со фотографии со кои тие ги доловија најубавите места и моменти од живеењето во село, рачно ги врамија и укарасија со што наидоа само на пофални зборови.

Учесници беа:

Мелани Милчевска 6 одд.

Сандра Савиќ 7 одд.

Андреј Цветковски 8 одд.

Марко Милчевски 9 одд.

Марио Трифуновиќ 9 одд.

Ментор – Елена Додевска проф. по информатика

Целта беше селската средина да се долови на учениците кои живеат во град, да ги доживеат природата и убавините кои ги нуди селото.