Одбележан Денот на планетата Земја

Меѓународниот ден на планетата Земја на 22 – ри Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на значењето на зачувување на животната средина и да доведат до промена на еколошката свест.

По тој повод и учениците од нашето училиште го украсија училишниот двор со садници на зимзелени растенија кои значително ќе придонесат за квалитетот на амбиенталниот воздух и самата животна средина.

Денот на планетата Земја претствува можност секој жител на планетата да размисли за своето однесување кон Земјата и да придонесе да биде почиста и поубава. Само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот.