ОГЛАС ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

 ООУ „ Карпош “ с. Умин Дол, со ПУ во с. Љубодраг – Куманово, објавува оглас за упис на првачиња за учебната 2023/2024 година.

Почитувани родители / старатели, Ве известиваме дека уписот на првачиња во учебната 2023 / 2024 год. ќе започне од 03 мај, а ќе трае до 31 мај 2023 година.

Потребни документи :

  • Извод од матична книга на родените  (оригинал)
  • Лична карта на родителот / старателот
  • Потврда за примени задолжителни вакцини
  • Потврда од извршен офтамолошки преглед
  • Потврда од извршен стоматолошки преглед

При запишување на дете со попреченост потребно е да се достави и мислење од комисија за проценка на деца и младинци  за дополнителна образовна, социјална  и здравствена поддршка според МКФ.

Во оваа учебна година ќе бидат запишани ученици кои се родени во 2017 година, но и деца кои до 31.01.2024 година ќе наполнат 6 години, со барање на родител/старател, а ќе добијат одобрение од психолог.

Присуството на детето е задолжително во придружба на еден родител.

СРЕЌНО ПРВАЧИЊА!