Доделени наградите за најдобрите ученици од конкурсот посветен на Св. Кирил и Методиј

Денес, 24.05.2023, беа доделени наградите и дипломите на првонаградените ученици од конкурсот “По вашите стапки чекориме” во Европската куќа Крива Паланка со што беше обележан Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Конкурсот беше во организација на библиотеката “Кочо Рацин” на Националната установа Центар за култура – Крива Паланка, се одржа во соработка со Сојузот на просветни работници на Северна Македонија, а на истиот пристигнале околу 80-тина творби од основните училишта ширум земјава.

Нашата ученичка Мелани Ангеловска се закити со трета награда на овој литературен конкурс под менторство на професорката Катерина Д. Арсеновска.

Честитки!