ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто” во посета на нашето училиште по повод Патрониот празник

Оваа недела ја одбележаа многу активности по повод Патрониот празник на нашето училиште. Една од тие активности беше и посетата на Домот за стари лица “Зафир Сајто”, кои беа пречекани со срдечни насмевки и одлична програма. Учениците изведоа ритмичка точка, хорот и оркестарот настапија со музичка точка и секако литературно читање.

Грижата за сарите лица и нивното позитивно расположение ги топлат срцата на сите нас!