Денес, 29.09.2023, во Театар Комедија, со почеток во 11 часот гостуваше Мал театар Душко Радовиќ од Белград со претставата „Дечак са кофером“, како дел од МФДТ-Меѓународен фестивал на детски театри “Игор Маџиров” 2023. Претставата траеше 65 минути и беше наменета за деца постари од 11 години. Со таа цел, во организација на СПОНА-Српски културно информативни центар, седум ученици од шесто одделение кои го изучуваат предметот Јазик и култура на Србите, заедно со нивната наставничка Теодора Цветковиќ имаа можност да ја проследат претставата.
Одличната претстава остави силен впечаток не само кај учениците туку и кај возрасната публика. По завршувањето на претставата учениците имаа можност да поразговараат со глумците и да ги изразат нивните импресии и задоволството од истата.




