„Детската недела“ која се одбележува секоја прва недела во месец октомври со цел развивање на општествената активност за афирмација на заштитата на децата, ширум училиштата во државата, така и во нашето се одржаа и ќе се одржат низа активности.
За време на траењето на „Детска недела”, од 2 до 9 октомври 2023 година, под мотото „Јас и светот околу мене“, започна со читање на Конвенцијата за правата на детето на одделенските часови, потоа имаше настава во природа и спортски активности. Ќе следуваат и активности како цртање, творење и пишување.
Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.