Училишен базар по повод почеток на новата учебна година 2022/23

По повод почеток на новата учебна година 2022/23, во училишниот двор на ООУ Карпош с.Умин Дол, учениците на истоименото училиште заедно со подрачното училиште од село Љубодраг ги изложија своите рачни изработки на овогодинешниот училишен базар.

Овој настан беше збогатен со присуството, освен на самите ученици, на нивните родители, наставниците и вработените од училиштето, како и претставници од МВР. Присутните не само што можеа да се воодушевуваат од рачните изработки, туку и можеа да ја збогатат нивната домашна колекција со уникатни предмети и дела.