Учениците од нашето училиште ООУ ,,Карпош” с.Умин Дол-Куманово несебично го вложија својот труд и уметнички потенцијал во реализација на поетски митинг на тема ,,Зимска магија” коj се одржа во градската Библиотека,,Тане Георгиевски”-Куманово. Зимата, сама по себе, носи свои волшебни мигови кои претставуваат непресушен извор за творење, која ги сплотува уметничките души и ги поттикнува да творат за нејзината убавина.
Активно учество во реализација на овој митинг зедоа неколку ученички и тоа:Александра Петковска, Мелани Ангеловска, Мила Гроздановиќ, Анастасија Стојковска, Бисера Добривијевска, Анастасија Бошковска, Луција Спасиќ, Анѓела Савиќ и Кристина Крстиќ на кои исто така им беа доделени благодарници.






