Учениците на средба со претставници од Општина Куманово по повод “Недела на детето”

Денес, 05.10.2023,  по повод Светскиот ден на учителот и Недела на детето, во
големата сала на зградата на поранешните општествено-политички
организации се одржа настан посветен на децата, во организација на
општина Куманово преку Сектор за образование и Здружение на
просветни работници Куманово. На настанот присуствуваа првачиња од општинските основни училишта, во придружба на одделенските наставници и директори на училиштата. Така и од нашето училиште присуствуваа првачињата со нивните наставнички Магдалена Митровиќ и Лидија Младеновска и директорката Тања Тодоровска.

 Од страна на учениците беа презентирани Правата на децата, како и творби
за учителот. Во своето обраќање градоначалникот Димитриевски истакна
дека наставниот кадар има одговорна професија, која со себе носи
посветеност и труд, со цел учениците да стекнат нови знаења и вештини.

Оваа недела им е посветена на децата и заштита на нивните права, недела посветена на осознавање на вистинските вредости на животот, како и активности, кои ќе ја подобрат состојбата со правата на децата.