Уште една успешна генерација произлезе од нашето училиште, на која им посакуваме да чекорат амбициозно, храбро и успешно, да се соочуваат со сите предизвици и да израснат во прекрасни, успешни и зрели личности.
На распишаниот конкурс за избор на ученик на генерација, според постигнатиот успех во редовната настава, особено поради постигнатите резултати на натпревари, нашето училиште за првенец на генерација за учебната 2021/2022 година со гордост ја избра ученичката Анѓела Арсиќ.
Во присуство на наставници и одделенскиот раководител Никола Стојмановски, директорката Тања Тодоровска и врачи плакета за истакнат ученик на ООУ ,,Карпош,, с.Умин Дол- Куманово.
