По успешно извршената обука за користење на мобилните станици- WASH за миење раце од страна на Unicef, и откако истите беа доставени во нашето училиште, имавме прилика да го презентираме начинот на кој нашите ученици ги користат истите. Неколку ученици земаа учество во презентацијата и ја искажаа важноста на одржување хигиена во училиштето и надвор од него.
Голема благодарност до Unicef за овој проект.



