Денеска нашето подрачно училиште во с.Љубодраг го посети српскиот поет Стеван Милошевиќ. Како гостин на СПОНА од Скопје, не посети и нас и ни подари незаборавни моменти со поезија за паметење. Стеван е млад српски поет и учител по Веронаука кој до сега има издадено три збирки поезија.
Нашите ученици од трето,четврто и петто одделение ги почести со некои од своите песни. Неговата интерпретација на неговите смешни и интересни песни за деца ги воодушеви нашите ученици. На крајот од дружењето Стеван потпиша пет примерока од неговата збирка поезија ,,Аждаја напушта бајку” и ги подари на нашето училиште.