Некои збунети, некои возбудени, некои полни со самодоверба, а некои залепени за мама или тато, првачиња тргнаа во нова авантура наречена училиште. Тие беа дочекани во училиштето со приредба за добредојдe, забава и говор и топли насмевки од наставничките.
На 1-ви септември започнува новата учебна година, денот кога учениците повторно ќе седнат во училишните клупи и ќе ги наполнат училниците со среќни лица и џагор.
Драги првачиња, имајте многу успеси и среќни мигови во новата авантура, наречена училиште!

