Среќно пензионирање, професорке Горица!

Со измешани чувства на радост и тага, професорката Горица го одржа последниот час во својата кариера како професор по биологија и хемија. Звукот на училишното ѕвонче го означи крајот на часот, но во исто време и почетокот на едно ново поглавје во животот. Секоја разделба буди и тага за сите заеднички мигови споделени под покривот на својот втор дом, училиштето.

Родендени поминале многу, но денот кога го напушташ работното место и заминуваш во пензија е вистински ден за паметење.

Животот не се оние денови кои поминале, туку оние кои сме ги запаметиле. Една врата се затвора, а друга се отвора. Професорката Горица има многу вредни нешта за паметење, кои не може да ги избрише ниту феноменот на староста. Убави се пензионерските денови исполнети со прекрасни спомени, кои ќе Ве потсетуваат на еден исполнет и успешен живот.

Среќно пензионирање, драга професорке!