Спортски активности под мотото “Спорт да, дрога не”

На ден 10.10.2023, по повод 11 Октомври, полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво Куманово, во спортската сала на средно општинско училиште „Перо Наков“, под мотото „Спорт да, дрога не”, организираа турнир во фудбал помеѓу ученици од основните училишта во Куманово, меѓу кои учествуваше и нашето училиште.

Целта на овие натпревари е да им се пренесе пораката на младит дека преку игра, дружење и меѓусебно почитување сите ќе имаме безбедна заедница. На победниците им беа доделени трофеи и дипломи, додека на другите учесници им беа врачени благодарници.