СПОНА- српски културно информативни центар, донираше училишни ранци по повод почетокот на учебната година

На првиот училишен ден на почетокот на оваа учебна година, воедно беше и свеченото отварањето на реконструираната училишна зграда. По тој повод како мал придонес на оваа свеченост, СПОНА- Српски културно информативни центар, донирше 13 училишни ранци за првачињата од селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг, кои ке го посетуваат изборниот предмет ” Српски језик и култура ” кој е дел на наставната програма.

Како дел од оваа свеченост, првачињата беа пречекани од нивните учителки и беа израдувани со нови ранци од СПОНА – Српски културно информативни центар, со кои ке можат да го започнат своето патување во образовниот процес.

“Голема благодарност на директорката Тања Тодоровска, вработените, а особено на наставничката по ” Српски језик и култура”, Теодора Цветковић за унапредување на меѓусебната соработка со нас.” – истакнаа од СПОНА – Српски културно информативни центар.