Свечено прогласување на првенци на генерација за учебната 2023/2024 година

Денес, 24.06.2024, во Занаетчиски дом им беа доделени награди на најуспешните ученици од општинските основни и средни училишта. На првенците на генерацијата за учебната 2023/2024 година им беа доделени признанија, монети со позлата и подарок ваучери од име на Градоначалникот и Советот на Општината.

На оваа традиционална манифестација беше наградена и нашата ученичка Сара Стефановиќ како Ученик на генерација за 2023/2024 од нашето училиште.

Ѝ посакуваме светла иднина и уште поголеми достигнувања во понатамошното образование!