
На 01.09.2022, првиот училишен ден од новата учебна година, во ООУ „Карпош”- с. Умин Дол свечено беше отворен училишниот објект по успешно завршениот проект за реконструкција на оваа училишна зграда кој е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука на РСМ и Општина Куманово. Овој проект опфати реконструкција на кров, подови и тоалети, нови прозорци и врати, нова енергетско-ефикасна фасада, санитарни јазли и делумно нов ентериер, нова електрична инсталација со нов систем за греење, пристапна рампа и тоалети адаптирани за лица со попреченост.


На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот и секретарот на Општина Куманово, претседателка на Совет на Општината, раководител на Сектор за образование и останати претставници од општинска администрација, директори на училишта, јавни претпријатија. Имаше и претставници од МВР, од тппе Куманово, како и од МОН.


На овој ден, по повод свеченото отварање на реконструираното училиште и почетокот на новата учебна година, програмата беше збогатена со музичка точка која бече изведена од училишниот хор, исто така и со ритмичка точка со која настапија учениците од одделенска настава.


Воедно, со големо задоволство и љубов беа пречекани и примени новите ученици, кои што за првпат ќе седнат во училишните клупи и со сигурност ке го паметат овој ден, и ќе нижат само убави спомени во иднина.

Согласно со фактот дека образованието е темел и приоритет на секое демократско општество,директорката Тања Тодоровска, на сите ученици и наставници им посака успешен почеток на новата учебна година, која ќе донесе подобар образовен процес со одлични ученици и добри резултати.