Регионален натпревар по Англиски јазик

На регионален натпревар по Англиски јазик кој се одржа меѓу учениците од основните училишта, нашата ученичка и наша гордост Сара Стефановиќ од седмо одделение, а под менторство на професорката Сања Крстевска, освои втора награда и со остварениот резултат се пласира на државен натпревар. Честитки за освоеното место!