Реализиран МИО проект

Денес, 21.05.2024 година, ООУ “Карпош” с.Умин Дол успешно реализираше МИО проект со партнерското училиште ООУ “Бајрам Шабани” с. Грушино, Арачиново.

Од двете училишта учество земаа 20 ученика од V до VIII одделение, заедно со нивните наставници и претставници од родители. Го посетија Водно, каде што се возеа со жичара, имаа активности со музика, натпревар во фудбал, прошетка низ природа и убава заедничка дружба.