Практична настава по Вештини на живеење

Денеска учениците од IX одделение заедно со нивната професорка Маринела Јакимовска, по предметот Вештини на живеење, имаа практична настава- Подготовка на десерт.

Учениците ја искористија училишната кујна каде што имаа можност да подготват десерт по нивен избор.

Со оваа активност учениците се стекнуваат со основни навики кои ќе им бидат од корист во домаќинството и ќе им послужат во понатамошниот живот.