Маскенбал по повод Ноќ на вештерките (Halloween)

По повод Ноќ на вештерките (Halloween) кој се празнува на 31-ви октомври, наставниците по англиски јазик Викторија С. Спасовска и Емилија Јовановска организираа маскенбал во нашето училиште на кој учество земаа сите ученици од прво до деветто одделение. Комисијата составена од 3 члена избра три најдобри маски од прво до петто одделение, а учениците беа наградени со диплома и ваучер, како и три најдобри маски од шесто до деветто одделение. Натавниците исто така земаа учество во маскембалот и беа наградени со дипломи.

По завршувањето на часовите учениците имаа забава со маски, музика и ” страшна ” атмосфера со цел да се долови начинот на празнување на Halloween во странство.

Имено, во име на празникот, во текот на минатата недела учениците изработуваа креативни изработки, цртежи, тикви и слично кои беа изложени во училишниот хол.