Посета на театарската претстава “Сказна за рибарот и златната рипка”

Денеска,16.02.2023, учениците од I-V одделение заедно со нивните одделенски раководители од с.Умин Дол и с.Љубодраг ја проследија детската театарската претставата “Сказна за рибарот и златната рипка” во просториите на музичкото училиште “Панче Пешев” Куманово.

Во претставата учествуваа: Владо Дојчиноски, Пируника Киселички, Дубравка Киселички и Давид Илиќ – во продукција на Театар Колозов. Голема благодарност до нив, со својот неверојатен талент допреа до срцата на сите ученици и испратија порака дека алчноста на човекот нема граници и немереното богатство не носи среќа и мир.

Посетата на театарска претстава, доживувањето во театар е единствена можност да се почувствува магијата, да се поттикне развојот на чувството за уметност, култура, убаво однесување кај децата. Воедно кај учениците да се развијат навики за културно однесување во театар, како и љубовта кон театарот и глумата.

Претставата беше проследена со голем интерес и воодушевување од страна на учениците, а доказ за тоа се озарените лица и нсмевки.