Патронен празник под мото “Убаво е да си дете” 2024

На ден 05.12.2024 година беше одбележан Патрониот празник на нашето училиште под мото “Убаво е да си дете”. Приредби имаше и во централното и во подрачното училиште, со што имаше многу рецитали, драматизации, музички точки, песни, ора, хор, оркестар…

Учениците се покажаа во своето најдобро светло, исто и наставниците кои се тука да им го водат патот по кој чекорат. На крај од приредбите беа доделени дипломите на најдобрите уценици кои изминатиот период учествуваа во литературно изразување, ликовна колонија, спортски активности.

Нека ни е честит Патрониот празник!